Форбс ја објави листата на најбогати луѓе за 2018 година – Ова се топ 20 најбогати луѓе во светот


Престижниот магазин „Форбс“ ја објави најновата листа на најбогати луѓе во светот за 2018 година. На оваа листа се најдоа 2.208 милијардери од кои, Амерканците предводат со 585 милијардери, по што следува Кина со 373 милијардери.

Прв на листата на најбогати луѓе во светот е основачот на „Амазон“, Џеф Безос, а на второто место е сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

Безос е на врвот на листата со 112 милијарди долари од проценетите 39,2 милијарди минатата година. Тоа е најголемиот скок на богатство откако се објавува листата, пренесува Би-би-си.

На второто место е основачот на Мајкрософт Бил Гејтс. Неговото богатство денес изнесува 90 милијарди долари, што е раст од 86 милијарди колку што изнесуваше минатата година.

На третото место е американскиот инвеститор Ворен Бафет со 84 милијарди долари, а четврт е најбогатиот Европеец и шеф на компанијата ЛВМХ која продава луксузни предмети, Французинот Бернар Арно кој има 72 милијарди долари.  Рекордните резултати на неговата луксузна империја „LVMH“, како и купувањето на преостанатиот удел во „Christian Dior“, му донесоа на Арно 30,5 милијарди долари во 2017-та година.

Петти е основачот на Фејсбук Марк Закерберг, а зад него е сопственикот на Зара Амансио Ортега.

Ма Хуатенг, исто така познат како Пони Ма, кој го зазема 17-тото место во рангирањето. Ма кој ја поседува „WeChat“ апликацијата за разговор, а е дел од неговата компанија „Tencent“. Технолошкиот гигант, исто така, има удел во „Tesla“, „Snap“ и „Spotify“.

Годинешните милијардери доаѓаат од 72 држави, а најнови на листата се Унгарија и Зимбабве. Новинарите на Форбс не ги вброиле богаташите од Саудиска Арабија на листата бидејќи саудискиот принц Салман поради обвиненија за корупција притвори повеќе од 200 луѓе меѓу кои и голем број богаташи.

Би-би-си пренесува дека најмногу милијардери има во Соединетите Држави, дури 585, па во Кина, Германија води во Европа со 123 милијардери, Индија има 119 а Русија 102.

На листата се најде и американскиот претседател Доналд Трамп кој на листата падна 222 места бидејќи богатството му се намали од 3,6 милијарди на 3,1 милијарда.

Еве ги 20-те најбогати луѓе во светот:

1. Џеф Безос (Amazon) – 112 милијарди долари

2. Бил Гејтс (Microsoft) – 90 милијарди долари

3. Ворен Бафет (Berkshire Hathaway) – 84 милијарди долари

4. Бернард Арно (LVMH) – 72 милијарди долари

5. Марк Цукерберг (Facebook) – 71 милијарди долари

6. Амансио Ортега (Zara) – 70 милијарди долари

7. Карлос Слим (Movil) – 67.1 милијарди долари

8. Чарлс Кох (Koch Industries) – 60 милијарди долари

9. Дејвид Кох (Koch Industries) – 60 милијарди долари

10. Лари Елисон (Oracle) – 58.5 милијарди долари

11. Мајкл Блумбърг (Bloomberg) – 50 милијарди долари

12. Лари Пејџ (Google) – 48.8 милијарди долари

13. Сергеј Брин (Google) – 47.5 милијарди долари

14. Џим Волтон (Walmart) – 46.4 милијарди долари

15. Робсон Волтон (Walmart) – 46.2 милијарди долари

16. Алис Волтон (Walmart) – 46 милијарди долари

17. Пони Ма (Tencent) – 45.3 милијарди долари

18. Франсоаз Бетанкур-Мeјерс (L’Oreal) – 42.2 милијарди долари

19. Мукеш Амбани (Reliance Industries) – 40.1 милијарди долари

20. Џек Ма (Alibaba) – 39 милијарди долари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1