„Форбс“: Скарлет Јохансон „заработи“ 1,2 милијарди долари


Благодарение на улогите во филмот за суперјунакот „Капетан Америка: Граѓанска војна“ и холивудската сатира „Аве Цезар“, американската актерка Скарлет Јохансон се најде на врвот на пописот на актерите чиишто филмови најмногу заработија минатата година.Scarlett Johansson attends the Costume I

„Форбс“ објави дека филмовите во кои глумела Јохансон во 2016 година заработиле вкупnо 1,2 милијарди долари. На второто и третото место на пописот се нејзините колеги од филмот „Капетан Америка: Граѓанска војна“ Крис Еванс и Роберт Дауни. Тој филм на компанијата „Волт Дизни“, со вкупна заработувачка од 1,15 милијарди долари, e водечки по заработувачка во светот во 2016 година според податоците од Boxofficemojо.com.

Австралиската актерка Маргот Роби е на четвртото место, чиишто филмови во коишто играла заработиле 1,1 милијарда долари, благодарение на улогите во двата филма на „Варнер Брос“ – „Одредот на отпишаните“ и „Легендата за Тарзан“.

На пописот на „Форбс“ преовладуваат филмови за суперјунаците и филмовите снимени според стриповите, вклучувајќи ги „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ и „Дедпул“.

Британката Фелисити Џонс првпат се најде на пописот на „Форбс“ благодарение на улогите во „Роуг 1: Приказна од војна на ѕвездите“, трилерот „Инферно“ и магичната детска приказна „Повикот на чудовиштето“. Фелисити е на деветото место – нејзините филмови заработиле 805 милиони долари.

„Форбс“ своите калкулации ги темелел на вкупната продажба на влезниците за филмовите на водечките холивудски актери, но не ги сметал анимираните филмови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1