Формиран составот на комисијата за импичмент на Иванов


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата доцна попладне го изгласа составот на Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.sobranie

Составот беше изгласан со седум гласа „за“ и тројца „против“. Комисијата ќе брои 11 члена. Претседател на комисијата ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, а оваа пратеничка група ќе има уште пет члена, по два ДУИ и СДСМ и ДПА еден член.

Одлуката за формирање на оваа комисија во понеделник ќе се најде на дневен ред на собраниска седница. Со изгласување на одлуката од страна на Парламентот Комисијата за седум дена треба да изготви извештај за основаноста на предлогот на опозицијата и да го достави до претседателот на Собранието Трајко Вељановски. Потоа тој треба да закаже нова седница на којашто ќе се дебатира за извештајот и за утврдување одговорност на претседателот. За да биде изгласана предлог одлуката на опозицијата потребно е двотретинско мнозинство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1