Путин пристигна во Атина: Рускиот манастир на Света Гора е претворен во тврдина, градот е под опсада


Претседателот на Русија Владимир Путин прво ќе се сретне со претседателот Прокопис Павлопулос, а потоа и со премиерот Алексис Ципрас.

Рускиот претседател Владимир Путин денес пристигна во Атина каде што ќе има разговори со грчкиот државен врв, а утре ќе ја посети Света Гора каде што со рускиот патријарх Кирил ќе одбележи 1.000 години од присуството на руските монаси на Атос.05-putin-atina

ТАСС пренесува дека помошникот на Путин, Јуриј Ушаков им кажал на новинарите дека Путин во грчката престолнина најпрво ќе се состане со претседателот Прокопис Павлопулос, а потоа и со премиерот Алексис Ципрас.

После разговорот, двете страни ќе потпишат повеќе заеднички документи, вклучувајќи и меѓувладина декларација за партнерство.

Посетата на Путин на Света Гора е една од главните теми на руските, грчките и воопшто светските медиуми, а во центарот на интересирањето на јавноста се посебните безбедносни мерки кои се превземаат во пресрет на неговата посета на Грција.

Грчките медиуми пишуваат дека во пресрет на посетата на Путин, рускиот манастир Свети Пантелејмон на Света Гора се претворил во „тврдина“. Околу 70 луѓе од личното обезбедување на рускиот претседател пристигнале во манастирот две недели пред посетата.

Манастирот веќе со денови е затворен и прима само одбрани гости. Путин за време на посетата на Грција ќе промени дури три лимузини и хеликоптер, а од Уранополис до Света Гора ќе се „префрли“ со десетметарска супер современа јахта, тврдат грчките медиуми.

Ова е првата посета на Путин на една од земјите членки на Европската Унија во последните шест месеци. Последен пат рускиот претседател посети земја членка на ЕУ во ноември минатата година, кога учествуваше на конференцијата на Обединетите нации за климата во Париз.

На ова видео може да се следи во живо престојот на Путин во Атина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1