Формирана е комисија за хеликоптерската несреќа


Комисијата ќе ја води Јавното обвинителство и, како што јавува телевизијата, ќе биде составена од најразлични профили на експерти..

heli4Формирана е комисијата која ќе ја води истрагата за несреќата на полицискиот хеликоптер МИ-17 која се случи пред два дена кај Струмица, потврдуваат од МВР, пренесува 24 Вести.

Комисијата ќе ја води Јавното обвинителство и, како што јавува телевизијата, ќе биде составена од најразлични профили на експерти. Формирана комисија ќе треба да ги утврди причините за уривање на хеликоптерот.

Според првичните сознанија, хеликоптерот се урнал откако удрил во антената на Македонска радиодифузија. Претходно, пилотите не пријавиле проблем со леталото. Во несреќата трагично загинаа четворица врвни пилоти на МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1