(ФОТО) Јанша: По барање на Мицкоски помогнавме на македонското МВР


Премиерот на Словенија Јанез Јанша на Твитер напиша дека по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја испратил помошта за македонското МВР.

„Веднаш по разговорот со Христијан Мицкоски во кој ме извести за сериозната ситуација во Македонија во врска со коронавирусот, го поврзавме министерството за одбрана на Словенија со Министерството за внатрешни работи на Македонија за да испратиме помош на пријателската држава. Истовремено, јас лично им се јавив на неколку лидери од ЕУ, да ги потсетам да не заборават на државите од Западниот Балкан“, напиша Јанша.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1