Во штипската Клиничка болница почина и возачот на возилото марка „Форд ескорт“ со радовишки регистерски таблички, кој се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа, која се случи изутрината на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај месноста викана Шести километар во близина на Затворот-Штип.
На лице место загина совозачот во возилото, 54 годишниот Иле Б.
Несреќата се случи кога автомобилот излетал од коловозот и директно удрил во дрво. Телото на починатиот од автомобилот било извадено со интервенција на пожарникарите.
Фото – Курир