Фото: 248 ембриони од абортирани бебиња пронајдени во шума / ВНИМАНИЕ експлицитни фотографии


Ужасно – нечовечки – Според руската полиција, пронајдени се 248 ембриони, завиткани како мумии. Некои од нив веќе биле оформени и се наоѓале помеѓу 12-тата и 16-тата недела од развитокот.

Тргнал „по риба“ и се сретнал со вистински хорор. Рускиот рибар пронашол канистри со човечки ембриони, некои веќе оформени како бебиња.

Рибарот пронашол 4 фрлени буриња со формалин, од кои биле испаднати кутиите со ембрионите. Според руската полиција, пронајдени се 248 ембриони, завиткани како мумии. Некои од нив веќе биле оформени и се наоѓале помеѓу 12-тата и 16-тата недела од развитокот.

На нивните екстремитети имало врзано малечки болнички плочки на кои биле испишани презимињата, во која недела биле при абортусот,  на која дата бил извршен и во која болница.

Полицијата претпоставува дека бурињата се исфрлени од џип кој помнинувал по патот недалеку од грозоморната слика. Најблиското место до пронајдените ембриони е Невјанск, но местото е премногу мало да би имало толку бебиња во краток период. Дел од запишаните болници се наоѓаат во Екатеринбург, најголемиот град во областта, па се претпоставува дека и најголемиот дел од ембрионите се токму од таму.

Се претпоставува дека фрлените ембриони биле користени за медицинско-научни испитувања, а некои од нив биле и од пред 10-тина години, а како дополнителен сомнеж се и обележувањата кои биле прикачени на нив.

Во Русија за абортираните ембриони постојат „специјални третмани и постапки“, како би се решило што со нив понатаму, но никако под тоа не се подразбираат пластичните канистри со формалин. Медицинските работници, пак, се згрозени и се надеваат дека случајот ќе биде целосно расветлен од страна на локалните власти.

ВНИМАНИЕ експлицитни фотографии

Share Button

Tags: , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1