ФОТО: 5 годишно дете – најмладиот пилот на светот


Момче од Кина за прв пат го привлече вниманието на медиумите поради трчање во снег на температура под нулата, а вчеравечер истото момче влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмлад човек кој управувал со авион.

Хе Јиде, со надимак ДоДо од Нанџинга, наводно на 31 август извршил 35-минутен лет со авион над природниот парк во Пекинг. Тренерот и копилот седел покрај него, и како што кажува само малку му помогнал.

dete pilotДетето е познато во Кина уште од февруари минатата година, кога на интернет е поставено видео како тоа трча по снег само по долен веш. Видеото е поставено од неговото семејство и е снимено во Њујорк на температура од минус 13 степени Целзиусови.

Способноста ова дете да управува со авион ги запрепасти кинезите. Тој самостојно полетал со авионот после помалку од месец дена тренинг во едно приватно училиште за летање во Лангфанг. Неговиот татко за тој курс платил 30.000 јуани (околу 4.905 долари).

Дел од јавноста е шокирана од „детето орел“ како што го нарекле тие и му даваат поддршка за спартанската обука која ја применува неговиот татко, додека пак други се прашуваат дали таткото го користи својот син за да се стекне со слава.

Имено, неговиот татко ги објавил секојдневните тренинзи на детето во пилотирањето на авион, спорт и математика на кинескиот микроблог сајт Weibo.

Петгодишното дете до јули оваа година ја совладал целокупната програма од прво до трето одделение, а сега слуша предавања од четврто одделение на Експерименталното основно школо при Универзитетот за наука и технологија во Нанџинга.

Пулс 24 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1