Веројатно сте слушнале за „Блекбери палец“, и доколку гледате долу кон вашиот мобилен телефон, може да ви се оштети видот. Сепак тоа не се единствените последици од прекумерното користење на мобилните телефони.
Секое прекумерно користење на смартфонот може да предизвика некој деформитет, па поради тоа јапонскиот провајдер за мобилни телефони неодамна на корисниците на Твитер им објавил предупредување за еден нов деформитет.
Овој деформитет се вика „Smartphone pinky“ а резултатот е кога подолго време со малиот прст го придржувате мобилниот телефон т.е. неговата тежина.
Кога се држи тежок телефон во рака, тој притиска на внатрешната страна на зглобот на малиот прст кој на англиски се нарекува „Pinky“ и ги притиска чувствителните точки од каде се развива болката.
Ако ова се прави многу често може да дојде до „вовлекување на првиот и вториот зглоб на малиот псрт“.
Она што корисниците треба да го направат е често да прават пауза при користењето на телефонот и препораката е полека да се одвикнуваат целата тежина на мобилниот телефон да ја потпираат на малиот прст.