Фото:Антиќ на грбот истетовира македонски воин со два меча во рацете!


Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, во пресрет на Европското првенство (ЕП) во Словенија (4-22 септември) направи уште една тетоважа наречена „Македонски воин“, која би требало да биде еден вид дополнителна мотивација за него и за соиграчите во обидот да се одбрани четвртото место од пред две години во Литванија.

Фотографијата од тетоважата ја постира самиот кошаркар преку „Инстаграм“, а истата почна да ја прави пред повеќе од еден месец.

peroantic1

Антиќ важи за вљубеник во тетовирањето и речиси нема дел на неговото тело што не е истетовиран. Покрај имињата на неговите синови, логовците на навивачките групи на екипите на Црвена звезда и Олимпијакос, почесно место зазема и македонското знаме истетовирано на неговите гради.

Повеќе фотографии погледнете на puls24.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1