ФОТО: Автомобил во пламен во Скопје – му се запалило додека возел, возачот излегол навреме


Автомобил „рено“ утринава околу 8 часот се запали пред салонот „Маккар“ на улицата „Скупи“ во Скопје, која е позната по тоа што на неа се најголемиот број салони на македонските импортери на автомобили, јави „Телеграф“.

Zapaleno-vozilo

Според пријавата во Министерството за внатрешни работи, З.Д. утрово во 8:10 часот пријавил дека автомобилот „рено 19“ се запалил додека го возел. Тој бил сам во автомобилот.

Возачот успеал навреме да излезе од автомобилот. Пожарот е локализиран, а полициски екипи вршат увид на местото каде што се запалило возилото,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1