Петнаесет лица се повредени откако авион излетал од пистата за време на полетувањето на аеродромот во западна Индија.
Во авионот имало и бремена жена, а сите повредени патници се здобиле само со исекотини, модринки и скршеници на телото, пренесуваат тамошните медиуми.
Компанијата несреќата ја потврди преку соопштение во кое наведе дека причини за несреќата се технички проблеми на авионот.