2016 починаа повеќе славни лица отколку вообичаено?


Многумина оценуваат дека ова беше посебно смртоносна година за славните лица ширум светот, но дали во 2016 година на оној свет отидоа повеќе познати луѓе отколку обично.

Џорџ Мајкл, Дејвид Боуви, Принс, Харпер Ли, Алан Рикман, Ненси Реган, Мухамед Али, Сер Џорџ Мартин, Викторија Вуд, Леонард Коен, За За Габор… Сите овие славни личности не напуштија во годината која завршува.slavni-rip

Би-Би-Си во април истражуваше дали има нешто чудно во невообичаениот голем број смртни случаи на славни личности, како што тврдеа многумина на социјалните мрежи. Задачата беше да се спореди периодот од јануари до март од 2012 до 2016 и да се види колку познати лица починале или загинале.

Истражувањето открило голем скок, гледајќи само за првите три месеци во годината. Двојно повеќе познати лица починале во тој период во 2016, отколку во исто време во 2015 и пет пати повеќе отколку во 2012 година.

Сега, кога изминува декември, се поставува прашањето дали и продолжението на 2016 година беше исто така опасно и фатално за славните личности. Истражувањето на Би-Би-Си покажува дека не било така.

– Во последните шест месеци од оваа година беше исто како и во последните шест месеци во претходните четири или пет години, изјави Ник Сарпел, уредник во Би-Би-Си.

– Значи, не забележавме дека тој тренд продолжи во сите 12 месеци, дополни Сарпел. Гледјаќи ја цела 2016 година, починале или загинале 30 отсто повеќе славни личности отколку во 2015 година.

– Во 2012 починаа 16, во 2013-24, во 2914-29 , а во 2015 бројката се искачи на 32 славни личности кои починаа, соопшти Сарпел. До 19 декември 2016 година животот го изгубиле 43 познати лица, покажа истражувањето на Би-Би-Си.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1