ФОТО: Човек од клупата на Шкендија го дави судијата


Едно од официјалните лица на тетовска Шкендија крајно неспортски се обиде да се пресмета со еден од судиите по завршувањето на финалето од Купот на Македонија, по поразот на пенали од Тетекс со 6:5. По 120 минути игра мечот заврши 1:1.

sudijaОчигледно изреволтиран од поразот, едно од официјалните лица на Шкендија непотребно фати за гуша еден од судиите по завршувањето на пенал рулетот. При инцидентот мораше да изреагира и тренерот на Шкендија, Артим Шакири, кој едвај успеа да го отргне насилникот од намерата да се пресмета со судијата. Самиот Шакири дури мораше да употреби и физичка сила за да го смири својот човек.
Шкендија нема ама баш никакво право да има забелешка на судењето, бидејќи судиите предводени од Александар Ставрев најпрофесионално го изработија мечот. Човекот од клупата на Шкендија најверојатно имаше забелешки за црвениот картон на нивниот голман кој беше исклучен во 24-та минута, поради очигледно играње со рака надвор од шеснаесетникот.
За вакви и слични испади во европскиот фудбал, па и секаде во светот, следуваат драстични казни.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1