Фото: Човекот што го уби Че Гевара, исповед


Ова е Гари Прада Саломон, човекот кој го “лоцирал, уапсил и убил Че Гевара

Младиот капетан Прадо во далечната 1967 година, со група војници после 11-месечна потрага го заробил тогаш веќе познатиот револуционер Че Гевара. И двајцата млади, Че забраден и запуштен, излуден од неизвесноста и планините во кои се сокривал со месеци, а капетанот Прадо горд на својата нова американска униформа.

che-gevara ubiec“Знаевме дека е во тие брда. Со месеци го баравме, а на крајот падна во нашата заседа. За тие моменти снимени се стотина репортажи, филмови, книги, но според мене не се случи ништо епско. Беше исплашен, со сосема запуштен изглед. Пружаше отпор, а на крајот се предаде. Многу едноставна воена акција, без многу губиток” – раскажал генералот, не споменувајќи имиња.

Се’ останато е историја, но вистината за апсењето на Че изречено од овој човек, навистина е некако посебна и тешка. Генералот е единствен и вистински сведок на последните минути од животот на познатиот револуционер, и чувар на контроверзните тајни на неговите последни зборови и пораки. Сета романтика за Че, идеалистот, револуционерот, сосема е избришана пред овој војник.

Двајцата војници се погледнале очи в очи.

“Јас сум Че Гевара. Не пукајте, се предавам. Повреден сум ви жив отколку мртов, немојте да пукате” – се првите зборови кои Прадо ги слушнал од легендарниот револуционер.

che-gevara“Што да кажам, бев многу среќен бидејќи знаев дека најпосле и’ дојде крај на таа акција. Исто така, не можам да не споменам колку бев во шок кога сфатив дека токму тој неугледен човек пред мене е фамозниот Че. Целиот беше во партали, неподносливо смрдеше. Никогаш нема тоа да го заборавам. Едвај изговараше по некој збор, моралот му беше под нула. Потполно уништен човек” – раскажал генералот.

“Го затворивме во училишната зграда во Ла Игера, и откако ја стопирав акцијата отидов до Че. Го прашав дали е добро, дали му треба кафе или цигари. Му ја здогледав раната на ногата, се’ беше во ред. Не е точно дека беше фатен поради тоа што беше ранет, раната воопшто не му крвареше. Физички беше исцрпен, но не поради ранувањето, туку веројатно затоа што беше повеќе денови гладен, а беше и астматичар.

Одлучив кон него да постапувам чесно, војнички, и тој стекна некаков вид доверба кон мене. Почнавме да разговараме. Ме праша што ќе се случи со него. Му објаснив дека некои негови соборци, кои ги фативме неколку дена порано, ги пративме на судење во Ла Паз.

che-gevara1Му реков дека во Боливија максималната казна затвор е 30 години, и дека кај нас не постои смртна казна. После ова сознание малку му се врати расположението. До тогаш беше полумртов, а потоа му се врати сјајот во очите” – опишува Прадо. Но за Че, таа ноќ на 9 октомври 1967 година уште била млада.

Недолго подоцна, заѕвонил телефонот. Претседателот на републиката Бариентос, после седница, издал кратка заповед. Генералот излегол и ги построил војниците. Прашал дали има доброволец. Имало седуммина. Го одбрал Марио Терано, кој потоа влегол во собата каде во аголот склопчен стоел Че. Разговарале. Генералот излегол со златен часовник, познатиот ролекс на Че. Изгледол и Че пред избраниот војник. Боливиските планини ги пропарала силна пукотница. Генералот се бричел. Војникот не можел да спие таа ноќ. Ни многу ноќи после неа.

одини подоцна, генералот сфатил дека се’ е само репродукција на маици, капи, налепници, постери, маркетинг.

“Маркетинг и ништо повеќе! Тоа е една обична фарса за херојот! Спомени на кои одлично се заработува.

ce gevaraФаќањето на Че Гевара беше првата сериозна работа околу која успејаа да се договорат официјално Вашингтон, Хавана и Москва. Сите тие, секако од различни причини, ја сакаа смртта на Че и јасно беше дека тој е предаден. Од друга страна, неговата смрт го означи крајот на герилската војна која Че дотогаш неуморно ја заговараше и ја опиша во својата истоимена книга. На крај, се’ што правеше во Боливија беше во спротивност со препораките и тезите за војувањето за кое заговараше. Че во Боливија беше пратен да умре. Ние таму ја одработивме работата. Впрочем, потешко беше да го пронајдеме, отколку да го победиме” – продолжил со раскажувањето.

За далечната 1967 е кажано се’. Ево Моралес, првиот демократски избран претседател на Боливија од редовите на Индијанците, во канцеларијата има портрет на Че Гевара, и накратко истакнува дека Че се’ уште е симбол на слободата, правдата и еднаквоста, но додава и дека “денес се други времињата”.

“Ево Моралес наместо да го слави човекот кој ни упадна во земјата и да му се воодушевува, треба да ни се воодушевува нам, на војската која го фати. Тој не разбира дека Куба го прати да умре. Овде дури и комунистичката партија му го сврте грбот. Беше потполно сам. Се излажа доаѓајќи во Боливија. Избра сосема погрешно место за револуција.”

che archivesЛегендарната фотографија на Алберто Корда со ликот на Ернесто Че Гевара е прогласена за една од најзначајните на минатиот век. Самиот фотограф од неа, освен слава, немал некаква корист и не заработил ниту еден долар. Фотографијата е испечатена во стотина милиони примероци, како и книгите кои ги напишал самиот Че, и оние во кои други автори го опишуваат неговиот живот.

Како што и обично се случува со идолите, со времето му се припишувани одлики кои ги нема, а се’ она лошо што го сторил, како убивањето на заробениците после победата на Куба, едноставно е заборавено. А како и да не се заборави, кога на спомените за него и денес одлично се заработува.

“Че туризмот” во Куба е толку добар за приход, што оваа земја на Карибите веројатно на него годишно заработува повеќе од познатите цигари и рум.

Ништо помала причина за задоволство немаат ниту жителите на боливискиот град Валенгранде и оближното село Ла Игера, во кое е убиен “ла команданте”. Денес на наивниот турист за некој долар повеќе секој втор маж може да му каже дека Че токму со него го поделил последниот оброк пред смртта.

Tocka

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1