Нацист кој палел села и убивал деца – сиве овие години мирно си живеел во Минесота (Видео)


Сега 94-годишниот поранешен нацист наводно живеел повлечено во Минесота, САД, уште од крајот на Втората светска војна. Мајкл Каркок бил еден од главните команданти во озлогласената СС-единица, а војниците од неговите единици изјавувале тој директно учествувал во масакри и во палење села населени со жени и деца.

nacista mirno ziveo u minesotiКаркок во 1949 година ги излажал властите дека не бил во воена служба во Втората светска војна, криејќи ја својата работа како офицер во украинската Легија за самоодбрана, раководена од СС, и подоцна како офицер во СС-овската Галициска дивизија. Измамата му овозможила да почне нов живот во Америка.

Постојат доволно докази за Каркок да биде депортиран и кривично гонет, изјавил Ефраим Зуроф, главниот ловец на нацисти на центарот Симон Визентал во Ерусалим.

„Во Америка ова е релативно лесен случај“, изјавил Зуроф за Асошиејтед прес. „Ако тој бил командант на единица што вршела злосторства, се знае што го чека.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1