Македонија во решавачки дуел со Португалија вечерва – последен меч за великанот Алушевски


Ракометната репрезентација на Македонија само со победа вечерва против селекцијата на Португалија ќе избори пласман на Европското првенство во Данска 2014. Тоа за нашата селекција би бил трет настап на европските шампионати, додека Португалија има веќе пет учества.

makedonija-rakomet--3Избраниците на селекторот Ивица Обрван сами ќе решаваат за својата судбина и дали ќе добијат шанса да го бранат 5. место освоено на претходното ЕП што е најголемиот успех на македонскиот ракомет на репрезентативен план.

За Стевче Алушевски ова ќе биде последен, проштален натпревар (245. натпревар според неговата статистика) во репрезентативниот дрес.

Левото крило на нашата репрезентација е свесен за тежинината на натпреварот:

– Не очекува тежок натпревар. Но, мора да победиме за да се пласираме на Европско првенство. Оваа репрезентација заслужува да оди во Данска и да го продолжи континуитетот учества на големите натпреварувања, изјави Алушевски.

Португалците според нивните најави уште од почетокот биле свесни дека овој натпревар ќе решава за вториот патник во групата за Европското првенство покрај светскиот шампион Шпанија.

Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 20 часот и 30 минути.

МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1