Пред неколку дена во Орегон, САД едно семејство обвини дадилка дека крвнички го претепала нивното едногодишно дете, тие тврдат дека таа била насилна врз нивниот син.
Џошуа Марбери и Алиша Квини тврдат дека го оставиле својот син на нивната дадилка, а кога се вратиле бебето било цело во модрици, меѓу кои имало и нејасни форми на дланка.Но, за жал, судот го отфрли овој случај, бидејќи не може да се докаже дека насилството е извршено од страна на дадилката и дека 1-годишниот Јаков е премногу мал за да покаже кое е лицето кое го претепало.
Инаку таткото страшните слики ги објави на “Фејсбук” од злоупотребеното дете, барајќи објаснување за одлуката на судот.