Патот до славата и ѕвезденото небо е трнлив, а тоа најдобро го знаат оние кои пред да станат славни морале да се снаоѓаат како знаат и умеат.
Една од работите кои што ги правеле е стриптизот. Многу ѕвезди пред да станат славни се соблекувале за пари.
Лејди Гага
-Иако потекнува од финансиски добростоечко семејство, сепак од љубопитност Лејди Гага станала стриптизетка. Пред да направи кариера како пеачка, таа настапувала во стриптиз клуб облечена во кожа.
3. Бред Пит
-Пред да стане холивудски фраер број 1, Бред наводно танцувал во една група на стриптизери со колегите од колеџ. Иако за ова никогаш не зборувал, сепак еднаш открил дека имал работа како шофер на стриптизери од едно место на друго. Па, поради тоа гласините за неговата стриптиз кариера не се далеку од вистината.
5.Хавиер Бардем
-Пред да се прослави со улогата во филмот „Нема земја за старци“, Хавиер се одлучил да се обиде како стриптизер, но неговата кариера траела само 10 минути. Според неговите зборови, тоа било катастрофално искуство. Работата да биде уште полоша, од публиката го гледала и неговата мајка која потоа изјавила дека се гордее со него.
6. Кетрин Зета-Џонс
-Аткерката сама открила дека танцувала гола за пари, а причината била „холивудска“. Имено, Кетрин собирала пари за пластична операција на носот.
Кармен Електра
-Актерката чие вистинско име е Тара Ли Патрик била стриптизетка пред да ја добие улогата во мегапопуларната серија ‘Baywatch’ во 1997-ма година. Во клубовите настапувала под името Кармел Електра, кое многу и се допаднало па одлучила да го користи и како актерка. Откако се прослави, Кармен произведе линија на сопствени мобилни шипки за стриптиз.