Дванаесет повредени лица е официјалната бројка по судирот на двата автобуси кој утринава се случи во скопски Аеродром.
Седуммина од повредените, меѓу кои и двајцата возачи се пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“, четворица во Ургентен и едно лице во ГОБ „8. Септември“. Информациите говорат дека нема потешко повреди лица.
Од МВР информираат дека завршен е полицискиот увид, а автобусот на ЈСП, како и приватниот автобус се испратени на вонреден технички преглед.