Најмалку три лица се повредени во францускиот град Лил, откако непознат напаѓач отворил оган недалеку од метро станицата „Порт Д’Арас“.Како што пренесува руската новинска агенција “Russia Today”, на местото на нападот веднаш биле испратени голем број на безбедносни сили.
Според изјавите на очевидците на нападот, во моментот на нападот се слушнале најмалку пет истрели од огнено оружје во централниот дел на Лил, а според последните информации меѓу повредените има 14-годишен тинејџер кој што бил застрелан во нога. Според првичните информации, едно лице добило повреди во пределот на вратот и веднаш било префрлено во болница.
Мотивите за нападот засега не се познати, а француските власти не исклучуваат дека станува збор за нов терористички акт. Напаѓачот, откако отворил оган кон случајните минувачи, веднаш побегнал од местото на нападот, а во тек е голема операција на француската полиција и разузнавачки служби за негово пронаоѓање.