М.Г. (15) од Бор е пронајдена обесена во својата куќа во близина на селото Злот кај Бор, а пред да се одлучи на тој чекор, примила порака на мобилниот телефон, а потоа го бакнала братот.
Според написите на српски телеграф, тинејџерката во четвртокот вечерта седела и разговарала со братот (син на маќеата) и еден роднина додека родителите и дедото биле отсутни.
-Во еден момент и стигнала порака на мобилниот телефон. Таа ја прочитала, а потоа станала, го бакнала братот и роднината и рекла дека ќе оди да го наложи котелот за греење во просторијата зад куќата. Весело истрчала од куќата и ништо не укажували на оваа трагедија, вели извор близок до истрагата.
Дека нешто чудно се случува со девојчето се посомневал таткото Драган.
-Таткото повеќе пати и ѕвонел на ќерката на телефон, но таа не се јавувала. Потоа му се јавил на нејзиниот брат да праша што се случило. Детето рекло дека таа отишла да го заполни котелот и дека уште не се вратила, вели извор.
Несреќното девојче е пронајдено обесено на греда со јаже за врзување сено, а ја пронашол нејзиниот брат. Девојчето не оставило проштално писмо.