ФОТО: Девојка киднапирана како бебе си го најде семејството – мајката простува сè!


Осумнаесет годишната Зефани Нерс била киднапирана кога имала само три дена, додека нејзината мајка Селест спиела.

Јужноафриканскиот Врховен суд ја прогласи з авиновна 50 годишната Јужноафриканка која ја киднапирала Зефани од болница пред 18 години и ја израснала како своја.Zephany Nurse Interview

По соопштувањето на судската пресуда биолошката мајка на Зефани, Селест Нерс, гласно заплакала.

Зефани била пронајдена сосема случајно. Во средното училиште во кое учела, учела и нејзината помлада сестра, која на родителите им рекла дека е убедена дека Зефани е нејзината киднапирана сестра. Поради неверојатната физичка сличност биолошките родители инсистирале да се направи ДНК анализа. тестовите потврдиле дека Зефани е нивното дете. Сето тоа време, жената која ја киднапирала тврдела дека го посвоила детето преку приватна агенција за посвојување.

И покрај агонијата која ја поминала во потрага по своето дете цели 18 години, мајката на Зефани, Селест, вели дека и простува на киднаперката бидејќи добро ја одгледала ќерка и, и и се заблагодарува за тоа.

– Зефани ја сака таа жена. Се гледа дека добро ја воспитала. Тоа што го направила е ужасно, но јас и простив пред извесно време.Ќе се запознаеме и ќе и се заблагодарам бидејќи зефани пораснала во убава и умна, добра девојка – вели нејзината мајка Селест.

Всушност, девојчето растело само неколку улици подалеку од родителите. Целата приказна е како од холивудски филм.

– Јас бев убедена дека мојата ќерка е некаде близу, никогаш не се откажав – вели Селест.

Семејството секоја година и го прославувало роденденот на изгубената ќерка, убедени дека ќе ја пронајдат.

Кога нејзината 13 годишна ќерка Кесиди тргнала во средно училиште, веднаш се зближила со Зефани и покрај големата разлика во години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1