Роденден што чинеше 6 милиони долари: Поради Маја беше блокиран целиот град!


Петнаесетгодишната тинејџерка Маја Хенри, добила роденденска забава од соништата, на која присуствувале 600 гости и чинела шест милиони долари.3207593d00000578-3483958-spectacular_the_party_for_maya_pictured_with_her_lavish_birthday-a-13_1457538440501
На журката гостите ги забавувале Питбул и Ник Џонас, а за изгледот на славеничката се погрижил Патрик Та кој работеше со семесјтвото Кардашијан, додека фустанот и го сошил познатито Роналдо Сантана. Сето тоа објективно го забележала Дона Њуман, фотограф кој работи за Мет Дејмон и Мишел Обама.
Инаку, сето ова било организирано на плоштадот во Сан Антонио, кој за оваа прилика бил специјално украсен.
Татко и на Маја, Томас Хенри и мајка и Азтека, за оваа прилика ангажирале професионална агенција од Њујорк и тим од 150 планери за подобро да се организира забавата.3207592f00000578-3483958-connected_maya_s_father_is_lawyer_thomas_j_henry_who_reportedly_-a-11_1457538440483
Се минало во најдобар ред, а девојката својата радост гордо ја покажувала.
-Тоа беше неверојатна ноќ која никогаш нема да ја заборавам. Благодарна сум им на сите кои присуствуваа, но и на моите родители кои се погрижија за оваа неверојатна ноќ, – изјавила славеничката.
Според луѓето кои биле на забавата, Маја и семесјството дошле со девет „Ролс Ројс“ автомобили под полициска придружба.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1