Штедлив милијардер: Сопственикот на Икеа облеката ја купува на пазар


Основачот и сопственикот на познатата шведска фирма Икеа, Ингвар Кампрад, изјави дека целата својата облека ја купува на пазар со цел да заштеди пари.

Во документарната емисија, која беше емитувана на шведскиот канал ТВ4, дури и рече дека се што поседува и целата облека која ја носи е купена на пазар.19092013110905_ikea-gazda

Овој деведесетогодишен милијардер, кој е четврто место на Форбс листата на најбогати луѓе во светот, познат е по својата штедливост, и вели дека тоа го прави за да им даде добар пример на останатите, но и дека таквиот негов став помогнал Икеа да стане врвен светски бренд.

Неговото богатство се проценува на околу 65,5 милијарди евра, но тешко е да се потврди што точно му припаѓа нему, што на неговото семејство, а што на неговата семејна фондација, која е регистрирана во Лихенштајн, држава позната по даночни олеснувања.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1