Скандал: Лекари на жена под кожата и нашле чип за следење


Она што неодамна се случило во една болница во САД, ја преминува фантазијата дури и на најнадарените сценаристи на научна фантастика.

Една млада жена на лекарот му покажала мал рез на своето тело:Prostitutka(1)

– Во нашата болница, болни со ментално нарушување има како песок на морскиот брег – изјавил лекарот.

Но, кај оваа жена било поинаку, tаа делувала како нормална и потполно свесна личност.

– Откривме мал метален предмет, вграден во нејзиниот десен колк – изјавиле лекарите.

Кога го извадиле и воочиле дека станува збор за средство за следење во ординацијата одеднаш завладеала тишина, никој не можел да поверува. Некој очигледно сакал да воспостави целосна контрола над жената.

Жената била во своите дваесетти години. Се утврдило дека нејзинотот момче ја принудило на проституција, и сакало да има целосна контрола над неа, бидејќи под кожата и вградил РФИД чип, кој се користи кај домашните миленици.

РФИД чипот се однесува на технологијата примо-предавник, кој се користи за идентификација и следење на предмети и живи суштества, како радио-бранови. Така на пример РФИД чиповите се користат кај домашните миленици.

– Некој ја чипувал девојката, како да е куче или мачка – изјавил револтираниот доктор, кој сакал да остане анонимен.

За споредба, РФИД чипот е со големина на зрно ориз. За жал ова не е единствен слкучај од ваков вид.

Присилувањето на проституција има многу облици, без разлика дали се работи за порнографската индустрија или во приватните домаќинства. Според студијата на Универзитетот во Чикаго, дури 88 отсто од сексуално експлоатираните луѓе пред или подоцна бараат помош во некоја болница.

Случајот со оваа млада жена ја вознемири американската јавност и предизвика бројни критики од страна на активистите за човекови права , а особено за правата на жените.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1