ФОТО: Девојка загинала на роденденот – сакала само еден круг со мотор


Дваесет годишната Србинка Маја Димитријевиќ вчера загинала во тешка сообраќајка, додека 39-годишниот Мирослав Милановиќ е тешко повреден.

maja

Несреќата се случила додека двајцата се возеле со мотор „Кавасаки“, при што се судриле со „Лада самара“.

Маја била студент на Академијата за применета уметност во Белград, а во родниот Алексинац дошла за да го прослави својот роденден со друштво. Тешко повредениот е полициски службеник кој во моментот на несреќата не бил на должност, туку тргнал да ја повози другарката со мотор.

-На Маја и беше роденден на први мај. Во четвртокот отиде во дискотека за да го прослави роденденот со пријателите. Со неа беше и мојата сестра, околу 23 часот излегоа од дома, таму ги чекаше целото друштво.

Во некое време се појавил Мирослав со моторот. Маја сакала да се повози, а мојата сестра не и дозволила. Таа инсистрирала, сакала само да се повози „еден круг“. И веќе не се врати, низ плач раскажува нејзината неутешна мајка Даниела, пишува Блиц.

За трагедијата полицијата ја известила мајката околу 2:30 часот.

danielaВеднаш отидов на местото на трагедијата. Го видов моето дете како безживотно лежи на патот и еден автомобил. Полицијата не ме пушти да пријдам поблиску. Незнам како дошло до несреќата, слушнав дека возачот на автомобилот бил пијан. Го нема веќе мојот уметник. Беше одличен студент сите и беа десетки, имаше само една деветка. Дојде за да го прослави роденденот со пријателите и семејството. Зошто Бог мене не ме зема, а таа да остане да живее, низ плач прашува Даниела.

Возачот на моторот со тешки повреди бил префрлен во Ниш. Уште додека му била укажана прва помош веднаш по несреќата, Мирослав прашал за Маја, но вистината ја дознал во болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1