Силна експлозија одекнала денес околу 14:30 часот во белградската населба Баново брдо.
На улицата во близина на автобуска постојка и неколку кафулиња експлодирал џип „БМВ“. Српските медиуми пишуваат дека под возилот се наоѓал експлозив кој бил активиран, најверојатно од далечински управувач.
При експлозијата од силната детонација тој испаднал од возилото. БМВ-то продолжило неконтролирано да се движи и удрил во комбе кое се запалило.
Повреден е возачот на џипот кој е во критична состојба, како и еден случаен минувач. Дел од српските медиуми неофицијално пишуваат дека возачот на БМВ-то е извесен Владимир Каран (46), лице со богато криминално досие.