ФОТО: Дигнат во воздух џип во Белград – за влакно возачот успеал да се спаси, настрада минувач


Силна експлозија одекнала денес околу 14:30 часот во белградската населба Баново брдо.

На улицата во близина на автобуска постојка и неколку кафулиња експлодирал џип „БМВ“. Српските медиуми пишуваат дека под возилот се наоѓал експлозив кој бил активиран, најверојатно од далечински управувач.eksplozija-banovo-brdo-2-50

При експлозијата од силната детонација тој испаднал од возилото. БМВ-то продолжило неконтролирано да се движи и удрил во комбе кое се запалило.

Повреден е возачот на џипот кој е во критична состојба, како и еден случаен минувач. Дел од српските медиуми неофицијално пишуваат дека возачот на БМВ-то е извесен Владимир Каран (46), лице со богато криминално досие.eksplozija-banovo-brdo-1-50 Eksplozija-Banovo-Brdo-500 Babovo-Brdo-ek500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1