Обичајот на Полјаците на плажа да се оградат со паравани за малку не довел до трагедија.
Имено, во местото Карва на Балтичкото море барајќи излез, се испаничила една дива свиња, која додека не го пронашла патот кон шумата направила хаос и полесно повредила неколку туристи на плажа.
Дивата свиња, која очигледно заталкала на плажата од шумата во близина, капачите ја забележaле дури кога излегувала од морето. Taa се збунила од лавиринтот од параваните, како и вресоците на децата и жените, додека мажите се обидувале да ја избркаат.
– Кога пристигнавме, дивата свиња повеќе на беше тука. Не знаеме од каде се појавила, бидејќи од таа страна теренот е ограден. Ова е првпат такво нешто да се случи – рекол за полската телевизија ТВН24 портпаролот на градските власти Гжегож Зачек.
Дивите свињи не се невообичаена појава на плажите на Балтичкото море. Минатиот месец во северозападна Полска, рано наутро мештаните дури повикале и пожарникарна служба да ослободи три диви прасиња кои заталкале во песокот на ограденото детско игралиште.