ФОТО: Добиле отказ, па станале милионери


Стив Џобс, Ана Винтур, Опра Винфри покрај тоа што направија пресврт во областа во која работат, тие делат уште една заедничка карактеристика-добиле отказ на работа и тоа на најлош можен начин.

Иако, кога е помислиме на губење на работа, тоа можеби изгледа застрашувачки, но овие милионери успеале негативната животна ситуација да ја направат во позитивна.

Стив Џобсa stiv_1361727587_670x0

Основачот на „Apple“ бил отфрлен од компанија во 1985 година. Имено, настанала расправија со ко-основачот Џон Скулеј за цената на Apple Macintosh.

Но, Џобс оваа негативна ситуација ја направил во позитивна, па за оваа случка има изјавено: „Тоа беше најдобрата работа која ми се случила.“ Apple повторно го вработиле Џобс како CEO, во 1997 година кога компанијата започнала да има големи загуби.

Потоа следело неверојатно брзо оправување на компанијата, под негово раководство .

-Тогаш не го приметив тоа, но се воспостави дека тоа што бев отпуштен од Apple, беше најдоброто нешто што ми се случило. Тежината на успехот, наеднаш беше заменета со олеснување од моментот “нов почеток“. Леснината настанува кога не си сигурен како ќе оди понатаму. Тогаш навлегов во еден од најкреативните периоди од мојот живот, изјавил Џобс во 2005 година пред студентите во Стенфорд.

Џобс продолжи да работи за Apple до неколку недели од 11 октомври, кога почина од рак.

Ана Винтурana vintur

 

Уредникот на Вог, Ана Винтур добила отказ од работа, како помлад уредник во Harper’s Bazaar во 1975 година, 9 месеци откако била вработена.

Но, наместо да остави несупехот да ја прегази, Винтур, своето искуство го пренасочила кон позитивно акција која ја донела до она што е денес-една од најмоќните жени во светот на модата.

Таа започнала да работи за магазинот Њујорк и за британски Вог, пред да стане уредник на американски Вог во 1988 година.

-Мислам дека секој треба да добие отказ барем еднаш во животот, тоа ќе ве натера да погледнете во себе. Многу е важно да има мал застој, затоа што тоа е реалноста на животот, рекла Винтур.

Џ.К. Роулингjk rouling

 

Таа е една од највлијателните жени во светот, но авторот на Хари Потер не стигнала до успех преку ноќ и лесно.

Роулинг ја напишала сагата Хари Потер, откако добила отказ, а работела како секретарка. Нејзниот ракопис бил одбиен од 12 издавачки куќи, но тоа не ја допрело во својата мисија.

-Неуспехот значи да го отфрлиш непотребното, она што те влечело назад, објаснила таа.

Опра Винфриopra caj

 

Форб со години наназад ја става на листата на најмоќни жени, но моќната Опра, морала да се „извалка“ калта пред да ги достигне ѕвездите.

Кога имала 20 години, Опрадобила отказ додека работела како репортер. И рекле дека не е вклопува во тимот!

Сепак, тие зборови не дозволиле таа да се почувствува дека не вреди ништо, затоа што таа стана лицето на телевизијата, а „Шоуто на Опра“ 25 години беше најгледана емисија во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1