ФОТО: Еден сладолед 3 евра – изгор цени во Црна Гора


Црногорците со зголемувањето на цените овој пат навистина претерале. Тие цената на сладоледот „капри“ безобразно ја качиле и по пет пати, реагираат српски медиуми.

Наместо 60 српски динари, колку што чини овој сладолед во Србија, во Херцег Нови во хотелот Ривиера, српски турист за „капри“ платил дури 2,8 евра, што е 336 динари. Уште и уредно добил фискална сметка како да не е „ограбен“. На неа може да се види дека купил два сладоледи за кои платил 5,60 евра, односно 673 динари.

kapri-u-crnoj-gori-foto-kurir-1436213467-695585

Горан Павловиќ од Здружението за заштита на потрошувачите вели дека не му е јасно што сакаат со тоа да постигнат Црногорците:

-На тоа ние не можеме да влијаеме. Доколку тоа е бизнис политика на тој хотел или Црна Гора, потрошувачите треба тоа да го знаат. Меѓутоа, знаеме колкави се реалните цени и дека таму во моментов има малку гости, па можеби со тоа сакаат да ги надокнадат загубите. Ако тоа им е целта тогаш тоа многу брзо ќе им падне врз глава“, рекол Горан за српски курир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1