Плоштад „Македонија” наскоро ќе добие нова фонтана со прскалки на површинско ниво со 128 прскалки, кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15х15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана.