Фото: Еве како ќе изгледа собраниска сала длаборез


Историја, традиција, Македонија… Со овие три збора може кусо да се опише најрепрезентативната и една од најубавите простории во Македонија, во која биле примени стотици луѓе од светот. Ѕидовите во салата Длаборез во Собранието се комплетно обложени со ореово дрво поделени на геометриски полиња, каде се аплицирани во резба различни геометриски, вегетабилни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција.

Оваа просторија, сега е дел од Кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а претходно и на поранешните претседатели на Македонија Бранко Црвенковски, Борис Трајковски и Киро Глигоров.

sobranie sala2

Првпат по 1938 година, кога се завршени работите во оваа Сала во резба, се изведуваат конзерваторски работи и тоа во рамките на реконструкцијата, адаптацијата, надградбата и доградбата на Собранието.

Зградата на Собранието на Република Македонија е една од најмонументалните градби во Република Македонија, за која во 1930 година бил распишан и конкурс за проектирање, а изградена е во 1938 година по проект на чешкиот архитект Виктор Ј. Худак. Од вградената орнаментална содржина, најинтересен дел е обработката на кабинетите и ентериерот, проектирани-дизајнирани од Драгутин Инкриостри (1935-1937).

sobranie sala– Оваа сала е работена цели три години. Изработена од екипата на Глиша Костовски, тој е од Тетово и е познат наш столар и резбар, кој со својата тајфа изработил нацрт-идејно решение на познатиот архитект Драгутин Медењак Инкриостри, и многу складно ја подготвил и комплетно ја исцртал оваа композиција. Композицијата се состои од таваница, со флорални елементи и геометриски фигури…

Панелни површини на ѕидовите со украси од декоративни ламби и преубав паркет изработен во интарзија. Композицијата е целосно складна и совршено изведена од столарската тајфа на Костовски, изјави Лилјана Ковачевска, виш конзерватор од Музејот на Македонија и раководител на петчлениот тим лиценцирани конзерватори.

sobranie sala4Тимот конзерватори ќе работат на конзервација на салата Длаборез меѓу еден и два месеци.

Како една од спецификите на резбата на плафонот, Ковачевска посочува на спирала, која е непрекината и континуирано кружи без да има прекин.

– И ние анализираме. Има некој крст со стрелки, едни излегуваат две влегуваат. Најверојатно симболично на историчарите на уметност нешто ќе им значи тоа доколку детално ги анализираат, вели таа. Меѓу типичните резбарски елементи што се користеле во салата Длаборез се застапени птицата, лик на жена во македонска носија, цветови, змеј, класје…

sobranie sala3

Разгледувајќи ја просторијата на еден од ѕидовите забележавме ромбоидни и триаголни рамки во кои е вградена плитка резба и е целосно позлатена.

– Сега кога ние ќе ја исчистиме и ќе ја вратиме позлатата таа ќе дојде како некое паспарту позади, резбата ќе дојде многу до израз и ќе се познаваат елементите. Розетната таму не е поставена централно, но затоа е проширена, вели таа.

Претходно во салата Длаборез беше обновен и парkетот. Конзервацијата на оваа сала е во рамките на реконструкцијата, адаптацијата, надградбата и доградбата на Собранието.

МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1