ФОТО: Еве како ќе изгледаат плажите на Преспанското езеро


За неколку дека се очекува почетокот на активностите за  уредување на вкупно 600 метри плажи на Преспанското Езеро. Станува збор за плажите во населбите Сливница и Стење во општина Ресен.

Предвидено е во рок од 4 месеци да биде завршено уредувањето на плажите, со што истите ќе бидат подготвени за пречек на првите туристи во текот на следната туристичка сезона.

Теренот на кој ќе бидат уредувани плажите ќе биде нивелиран со песок, а се предвидуваат шанкови со кабина за музика, санитарен јазол; простор за чување и користење на урбана опрема како што се лежалки, чадори; соблекувални; чешми и тушеви; игралишта за деца; игралишта за одбојка, мал фудбал и тенис; простор за спасувач; часовник; бежичен интернет; информативно пано; платформа за сончање над езерската површина, како и платформа за пловни објекти и издавање на педалинки и сл.

Во езерото ќе бидат поставени пластични бови како ограничување на делот безбеден за пливачите, на 50.00м растојание од брегот.

ppp55

ppp1 pp44 pp22 pp3

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1