ФОТО: „Фалангата“ го омекнува Хансен пред натпреварот утре


На социјалните мрежи се појави фотографија на која македонски навивачи се фотографирани со најдобриот играч на данската репрезентација, Микел Хансен.

hansen-falangСпоред коментарите на фотографијата, станува збор за дел од битолските навивачи кои отпатуваа во Севиља. Македонија утре игра против Данска во меч кој доколку го добие, ќе го освои третото место во групата и ќе ја избегне Франција во осминафиналето, а Хансен им е најголемиот адут.

Од друга страна, мечот за Данска нема значење, откако скандинавците го освоија првото место во групата, па за очекување е утре данскиот селектор Вилбек да одмори дел од најдобрите ракометари, меѓу кои секако и Хансен, кој има ситна повреда на коленото.

Дали нашите навивачи ги освоија симпатиите на Данецот, па тој нема да биде безмилосен како на претходниот наш дуел, останува да видиме утре…

Извор Курир

hansen-falang

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1