Тања и Мајк Саливен со среќа и гордост објавија дека го очекуваат своето тринаесетто бебе, кое ќе им внесе радост во домот ним и на нивните други 12 деца.
Таа со гордост вели дека успеваат со сопругот сами финансиски да го издржат своето големо семејство, а трошоците ги скратуваат со тоа што чуваат кокошки за јајца, сами си печат леб и си прават домашен џем и путер.
-Мајка ми е неверојатна. Таа е повеќе од мајка, таа ми е и пријателка кога ми треба некој да ме сослуша, а и учителка кога ми треба совет, вели една од нејзините постари ќерки.
Гордите родители одбиваат секаква помош од државата и живеат скромно, но убаво во нивната куќа со пет спални соби, кои, како што велат тие, секогаш се преполни.
Мајк и Тања отсекогаш сакале да имаат големо семејство со шест деца, но велат дека љубовта која тие им ја даваат ги терало уште повеќе да го прошират семејството.
За неколку месеци ќе се роди нивното тринаесетто бебе, а тие веќе ги имаат Бен (20), Стефани (18), Кејтлин (13), Хери (10), Еди (8), Сидни (7), Педи (5), Оливер (3), Џозеф (2), близначките Ана и Либи (16 месеци), како и 7-месечната Изабел.