ФОТО: Го претепале диџејот зошто не им ја пуштил „Видовдан“


Дваесет и петгодишен диџеј бил претепан бидејќи не им ја исполнил музичката желба на двајца гости. Настанот се случил кај базенот во Бања Врујци во Србија.bazen-valjevo-1472596034-981405-520x351-74079

Денската забава, на која присуствувале и многу деца, била при крај, кога двајца пијани гости му се приближиле на диџејот барајќи да им ја пушти песната „Видовдан“. Тој им рекол дека ќе ја пушти само ако му дозволи газдата.

Подоцна гостите повторно се вратиле и прво почнале да го навредуваат, а подоцна и го нападнале со тупаници и со стап. Полицијата ги уапсила напаѓачите, а младиот диџеј завршил со тешки телесни повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1