ФОТО: Го спремале за погреб, тој оживеал!


Валделусио Гонкалвез од Салвадор, Бразил, ги преплаши неговите роднини кога сите мислеле дека е мртов, а тој се разбудил.

Докторите во болницата го прогласиле Валделусио за мртов, откако му откажале органите, по што го однеле во мртовечница.

Кога дошол неговиот брат за да го земе и да го подготви за погреб, Валделусио почнал да мрда и полека станал од мртвите.

valdelusio

-Веќе плативме некролог во весник и купивме ковчег, се спремавме да го погребеме, вели неговиот брат.

Ожалостените роднини, кои биле ужаснати од загубата, се преплашиле од глетката, но потоа биле пресреќни.

Тој боледувал од рак на желудникот, па семејството вели дека на некој начин ја очекувале оваа загуба.

Сега тие се пресреќни што Валделусио е жив и велат дека ќе продолжат да се борат со ракот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1