Скандал: Хигиеничарка наместо докторка оперирала во Хрватска


Хрватска хигиеничарка од Бјеловар упатила допис до Министерството за здравство дека се жали што морала во операциска сала да асистира на хирург кој оперирал пациент.

operacija

– За 27 години работен стаж не доживеав некој да ме викне во сала за време на операција. Се шокирав кога ми рекоа да облечам заштита облека. Ми се покачи притисокот и на одделението за неврологија ми го стабилизираа. На боледување сум, изјави Лидија Мраз (46) за хрватски медиуми.

За случајот таа пред две недели го известила Министерството. Во изјавата вели дека слична наредба повеќе никогаш не би извршила.

Хирургот што вршел операција потврдува дека хигиеничарката била повикана да држи за нозе пациент, но додава дека слични примери се речиси вообичаена пракса во сите хрватски болници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1