Скопје го зафати невреме. Дожд, засилен ветер, грмотевици. Невремето што трае повеќе од половина час предизвика чести прекини на електричната енергија, како и поплави Сообраќајот во градот се одвива отежнато.
Прекини на електричната енергија имаа жителите на Карпош, Аеродром, Сопиште откако гром удри во подножјето на Водно а очевидци велат дека во моментот кога удрил и тоа веднаш над куќите во Нерези се издигнал и краткотраен пламен. Веднаш по тоа снема струја но по неколку минути се стабилизираше.
УХМР информираше дека попладнево ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови, а не е исклучена и изолирана појава на краткотрајно невреме со засилен ветер и ретка појава на град.