ФОТО: Груевски заедно со фудбалските херои го прослави историскиот успех


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со првиот човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и македонските фудбалски херои кои вечерва испишаа историја го прославија огромниот успех и пласманот на Европското превенство кое следната година ќе се одржи во Полска.gruevski-fudbaleri

Откако најпрво им честита за историскиот успех преку социјалните мрежи, веднаш потоа Груевски заедно со нив го прослави големото достигнување на младите херои кои ја направија горда цела Македонија. Груевски во честитката напиша дека денеска Македонија е горда на нивниот успех кој донесе моменти на колективна радост.

Покажаа на дело како се сака и придонесува за Македонија, покажаа дека трудот и посветеноста не можат, а да не донесат резултати. Тоа се вистинските херои на денешното време кои ја пишуваат историјата. Создаваат историја и ни даваат пример како да се бориме со поискусни и посилни ривали кога се работи за нашата татковина! Веруваа во себе и во Македонија и успеаа! Само напред!, порача Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1