Борбата продолжува, целите се исти. Силна Македонија, просперитетна Македонија, Македонија која ќе отвора нови работни места, ќе гради и ќе се грижи за своите граѓани. Оваа порака ја испрати премиерот Никола Груевски на синоќешниот масовен митинг во Скопје.
Тој најави нови 64.000 работни места. Како и помош за најранливите категории
Проект: ЕДНОКРАТЕН ОТПИС НА ДОЛГОВИТЕ ЗА НАЈРАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ
– неплатена струја
– банкарски долгови, минусни салда на тековни сметки или потрошувачки кредити
– долгови за радио-дифузна такса
– парно греење
КОРИСНИЦИ НА ОВАА МОЖНОСТ СЕ:
– лица корисници на социјална помош
– лица кои подолго од 12 месеци се заведени како невработени во Заводот за вработување, под услов да не оствариле други приходи повисоки од 1.700€ (севкупно) во текот на претходната година
– лица кои поради семејна несреќа (смрт на сопружник или потешка болест или работонеспособност) се оневозможени да си ги подмират долговите.
Foto – Press24