Игор Џамбазов закрепнува по втората операција во „Филип Втори“, а во посета му дојде сестра му Тања.
Таа веќе две децении живее надвор од Македонија, но допатува од САД за да биде со својот брат и својот татко.
Џамбазов пред десетина дена беше хоспитализиран поради здравствени проблеми. Тој во емисијата „Јади бурек“ потврди дека е опериран поради затнување на вените на нозете.
Му беше вграден стент.
На 1 јули Џамбазов ја имаше и втората операција.