Фото: Им ја запалиле марихуаната – цело село со демонстрации бара оштета – Либан


Блокади на патиштата, запалени автомобилски гуми – вака изгледаа демонстрациите вчера во Либан . протестираат поради тоа што либанската влада ги уништила полињата со нелегално засадена марихуана во долината Бека.

Учесниците на протестот бараат владата да им ја плати загубата. Велат многу пари изгубиле поради палењето на марихуаната и владата мора да ги обештети, јавува агенцијата DPA.

Војската морала дури да пука и во воздух за да ги растера учесниците на протестот во Јамуне.

Во петокот одгледувачите на марихуана ги нападнале приадниците на војската. Во пукотниците едно лице е повредено – Hussein Nayef Salim, 56 годишен одгледувач на марихуана.

Долината Бека е позната по полињата на Марихуана. Еднаш беа уништени пред две децении по барање на Обединетите нации, но населението во последните години ги обновило насадите. Војската од минатата недела спроведува масовно уништување на полињата, се прекопуваат, се собира и пали марихуаната и се апсат сите што ќе се спротистават.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1