ФОТО: Има повреди, модринки и гребаници – Детенцето кое беше тепано од дадилка во Скопје


Со видливи повреди, модрици и гребаници на лицето и вратот е двегодишното детенце кое беше тепано од дадилка во Скопје, а Сител дојде до фотографија од него.

Мајката на тројката близначиња за Сител вели дека е благодарна што снимката била јавно објавена. Во телефонски разговор вели детенцето е дома, а неговата состојба по траумите засега е стабилна.

Случајот беше пријавен од сопственикот на игротеката каде дадилката вчера беше забележана на видео надзор како го тепа детето.

Дадилката Ж.П е на возраст од 59 години, таа скоро една година била ангажирана за чување на близначињата.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека како Влада постигнале повисоко ниво на грижа и реакција во вакви случаи. Таа смета дека не смеат да се случуваат вакви работи бидејќи децата од мала возраст доколку се изложени на насилство, го губат својот пптенцијал, но исто така се стекнуваат со одредено однесување кое понатаму ќе го практикуваат како надилно.

  • Во законот постои опција физичко лице да добие лиценца за грижа, но често родителите одлучуваат лица блиски до нив да бидат негуватели и не избираат лиценцирани воспитувачки и негователки во нивните домови. Ги потикнувам родителите, има организации и компании кои вработуваат само лиценцирани негователки и токму затоа ниту во законот за детска заштита гарантиравме дека физичко лице може да се стекне со лиценца и да работи професионално во оваа област, вели Царовска.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1