Сведок од УБК: Мендух Тачи имаше псевдоним „швалер” – Џафери беше „деда”


Пензионираниот маркирач од УБК, Марјан Јанкуловски кој внесува броеви кои треба да се прислушкуваат, сведочејќи на денешното рочиште за „Таргет-Тврдина“ рече дека се посомневал дека има злоупотреба на системите за прислушување затоа што имало броеви псевдоними.

– Се посомневав, затоа што имаше некои псевдоними кои ние ги знаевме оперативно. Да речеме се знаеше дека псевдонимот „швалер” е Мендух Тачи, „деда” е Арбен Џафери. Чести беа такви броеви на познати лица за кои немаше никакви наредби, а беа нон-стоп вклучени на системот за прислушување, рече тој во Судот додавајќи дека од системот за следење се бришеле броеви кои се следеле секоја година, а потоа се внесувале повторно.

Во „Таргет-Тврдина првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1