Мелани Гајдос успеала наспроти се да стане барана манекенка, иако поради своето ретко генетско нарушување нема ниту едно влакно на главата, не може убаво да се насмее а во устата има само три млечни заба, иако има 26 години.
Мелани е родена со ектодермална дисплазија, ретко генетско нарушување кое се јавува еднаш во 15.000 случаи, и е една од ретките луѓе кои успеале да изградат успешна кариера во светот на модата и филмот. Попознат од неа е актерот Мајкл Беримен, кој честопати го нарекуваат „наказа“, а се прослави глумејќи во хорор филмовите.
Мелани објаснила дека поради ова нарушување нејзините пори се многу мали и не може да има влакна на телото. За жал тоа значи дека не може да има влакна на лицето и на главата, поради што многу страдала во детството..
Меѓутоа за нејзина среќа , фотографите во Њујорк, како и тамошната модна инсустрија секогаш трагаат по необични ис илни личности како што е таа, па многу лесно дошла до рофесионален ангажман и заработка.