ФОТО: Исчезна млад Македонец во Австралија


Во Канцеларијата за исчезнати лица на Австралија пријавено е дека од 11 јули семејството нема никаква информација за тоа каде би можел да биде Давид Јосифовски, пренесува мкд.мк.

Тој утрото на 11 јули околу 6,30 часот бил оставен на аеродромот во Перт, но не се качил на ниту еден авион, и оттогаш нема никаква информација за него.

david-500

Канцеларијата соопштува декаа Давид има 25 години, дека има тетоважа на раката, крст со македонско сонце и изразита тетоважа на целиот грб.  Давид не ја напуштил државата ниту пак такво лице било пријавено во некоја болница.

Неговото семејство повикува на помош. Неговата сестра изјавила дека тој неколку месеци работел во Билоела и кога имал слободни денови често патувал во Гледстон.

Во Австралија годишно како исчезнати се пријавуваат околу 35.000 лица или едно лице на секои 15 минути.

Убијците се на слобода – Жената на убиениот Џон Гашовски бара помош од граѓаните

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1